Во центарот на Зајечар се случила физичка пресметка помеѓу две машки лица. Еден од нив извадил нож и му нанел тешки телесни повреди на 44-маж, пренесуваат српските медиуми.
Повредениот е веднаш однесен во болница, а поради сериозноста на повредите, веднаш бил пренесен во Ниш, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата од Зајечар го уапси С.Н. (41) поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.