МАЖ, ЖЕНА И НИВНИТЕ 11 ДЕЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА: Цело семејство во Шпанија во карантин

by Тони Зографски

Семејството Себријан Хервас од Ваљадолид, Шпанија е ставено во строга куќна изолација откако кај сите нејзини членови е регистрана зараза со коронавирус.

Децата се разболеа едно по друго. На некои им беше подобро, а дел од нив се чувствуваа лошо – вели таткото Хосе Мариа Себријан.

Вирусот е регистриран кај нивните 11 деца: Кармен (15), Фернандо (14), Луиз (12), Хуан Пабло (11), близнаците Мигел и Мануел (10), Алваро (8), Ирене (5), Алисиа (4), Хелена (3) и Хосе Мариа (1) и тие не смеат да ја напуштаат куќата.

Целото семејство е во строга изолација, а единствено му е дозволено на нивниот 14-годишен син Фернандо да оди до аптека, под услов да носи маска и ракавици.

-Кога ќе ни донесат намирници од супермаркетот, ги оставаат во гаражата, па мојот син оди да ги земе – вели Хосе Мариа.

Инаку Шпанија има најмногу заразени со коронавирусот во Европа – 124,736 заразени, од оој 5,537 во последните 24 часа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com