Елиди Пулин е австралиска манекенка која претрпела незамислива загуба пред две години кога нејзиниот сопруг сноубордерот Алекс Пулин се удавил додека нуркал. Таа во еден подкаст открива како се соочила со големата болка и како продолжила да живее без „Чамп“ како што го нарекувале.
Манекенката била во врска со него десет години и не ни сонувала дека животот целосно ќе ѝ се сруши само неколку часа по нивното последно видување.
– Беше обичен ден. Се разбудивме како и секој друг ден, сонцето сјаеше, навистина беше прекрасен ден. Ме праша дали да оди на сурфање или да нурка – открива таа во својата исповед.
Бидејќи Елиди повеќе сакала да прошета, се договориле подоцна да се најдат во локалното кафуле. Тоа утро го шетала нејзиното куче без да биде свесна дека за последен пат ја гледа својата сакана личност. Еден сосед набргу ја известил за неговата смрт.
Кога ја видела веста за пронајденото тело на социјалните мрежи, одбивала да поверува дека е тој.
-Го видов тоа утро, тогаш имаше само 32 години, се удавил откако се обидел да го задржи здивот под вода.
Нејзиниот сопруг се натпреваруваше во 2010, 2014 и последен пат 2018 година на Зимските олимписки игри. На својата земја ѝ донесе медал, а неговата ненадејна смрт го потресе светот. Со оглед на тоа што парот силно посакувал да има бебе, пријателите на Елиди и нејзиното семејство разговарале за посмртно вадење сперма. Дванаесет часа по неговата смрт, манекенката се согласила на таа процедура, иако сè уште не можела да се соземе од шокот.
По два обида за вештачко оплодување, манекенката ја родила Мини Алекс во октомври 2021 година, а девојчето неверојатно личи на својот покоен татко.
Манекенката споделила трогателна снимка на Инстаграм покрај која напишала: „Татко ти и јас те сонувавме со години, душо“.
Елиди во поткастот проговорила за нејзината емотивна борба, истакнувајќи дека секојдневно оди на плажа и „ја убива“ тоа кога гледа како мажи ги шетаат своите деца.
– Имавме среќа што спермата беше здрава. Мислам дека сè се поклопи и Чамп го виде тоа – открила таа.
По смртта на Алекс, манекенката започнала подкаст со една своја пријателка која исто така доживувала тешка животна борба. Тие двете меѓусебно си биле огромна поддршка и сфатиле дека треба да „блескаат“ во светот кој понекогаш може да изгледа како осамено и мрачно место.