Мажот кој имаше девет жени планира да има деца и вели дека тоа ќе биде по принципот „која прва ќе дојде, прва ќе добие“. Бразилскиот модел Артур О Урсо се најде на насловните страници на светските медиуми минатиот месец откако откри дека сака да се ожени со уште две жени, и покрај тоа што една од неговите девет партнерки го напуштила и мора да има добро испланиран распоред за секс со сите свои сопруги за сите да бидат задоволни.
Сепак, Артур се надева дека семејството наскоро ќе се прошири и дека ќе добие бебе.
Бразилскиот пастув и неговата прва сопруга Луана Казаки се свингерска двојка која ја официјализираше својата заедница со други жени во Католичката црква во Сао Паоло. Меѓутоа, нивниот брак не е законски валиден бидејќи полигамијата се смета за нелегална во Бразил.
Откако се откажал од својата „секс-ротација“ кога станува збор за сексуални односи со своите сопруги, бидејќи сето тоа почна да му изгледа како обврска, Артур сега тврди дека не би имал ништо против една од неговите жени да забремени.
„Одличната работа во сето ова е што без разлика која од моите сопруги е првата што ќе роди бебе, тоа дете ќе порасне со многу љубов и наклонетост од сите нас“, рекол Артур, пренесува британски „Мирор“.
„Немам омилена сопруга со која би сакал да се случи ова, сакаме тоа да се случи сосема природно“, додава тој.
Неговите сопруги, пак, имаат различни чувства кога станува збор за мајчинството, а некои сè уште не сакаат да имаат деца. Други, меѓутоа, се воодушевени од можноста да добијат бебе во семејството.
„Не можам да сокријам дека сум навистина вознемирен, сите се желни да имаме бебе. Верувам дека откако ќе дојде првото дете, а откако другите ќе ја видат целата ситуација, сигурно ќе посакаат да го почувствуваат и доживеат истото. Но, засега, која прва ќе ми дојде, прва ќе го добие“, вели Артур О Урсо.