Емотивно видео со расплаканите кинески медицински работници кои по два месеци повторно се враќаат кај своите семејство, објави Дејли Мејл.
Вкупно 194 членови на првиот медицински тим од Фуџена се врати во родниот град во југоисточна Кина откако беше во епицентарот на коронавирусот да им помогнат на своите колеги. Откако го завршија 14-дневниот карантин, тие во понеделникот за прв пат се сретнаа со своите семејства, откако на 14 февруари заминаа во борба со смртоносниот вирус.
Мажите на медицинските работници со цвеќе ги пречекуваа своите сопруги. Децата трчаа во прегратки кон родителите кој плачеа додека ги гушкаа.
-Се чувствувам како на денот на мојата венчавка и како да ја гледам повторно мојата невеста. Изминатата ноќ воопшто не спив, се чувствував како ноќ пред венчавката – изјави Киан Ксиаоханд, маж на една од медицинските сестри.
Емотивна била и средбата и на кинескиот доктор со својот петогодишен син. Нему претходно му беше забрането да го гушне синот пред да помине во самоизолација од 14 дена.
Инаку, медицинските работници од сите краеви на Кина го напуштаат Хубеј.
фото: China News Service