Медицинските експерти препорачуваат 12 различни стилови на брада и мустаќи кои се погодни за носење заштитна маска.
Брадата не само што дава машки и модерен изглед, туку може да влијае и врз хигиената на мажот, но и врз неговата изложеност на коронавирус.
Ако им се верува на здравствените експерти од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC), различните стилови на брада или мустаќи ја прават заштитната маска повеќе или помалку ефикасна.
Според инфографикот на CDC, најдобро е да имате чисто, мазно лице, без влакна. Ако мажот е избричен или носи само мустаќи, заштитните маски ќе му се прилепат подобро на лицето и со тоа поуспешно ќе го заштитат него и другите луѓе од инфекција.
Од друга страна, колку повеќе коса на лицето, толку потешко ќе се лепи маската и ќе биде помалку ефикасна во спречување на пенетрација на вирусот. Експертите, сепак, не им предлагаат на мажите целосно да се бричат за да се заштитат од вирусот, но препорачаа 12 различни стилови на брада кои се погодни за носење заштитна маска.
CDC наведува дека брадата и мустаќите не можат да дејствуваат како филтер, бидејќи влакната не се доволно густи, односно се премногу големи за да се фатат мали честички на вирусот.
Покрај тоа, маските се покажаа како најефикасни во заштитата од коронавирус, така што многу земји го пропишаа нивното задолжително носење во затворени простории или каде што е невозможно да се одржи физичката оддалеченост, пренесува „Economic Times“.