Познатиот психолог Михаил Лабковски тврди дека секој маж може да полуди по жена која има само еден квалитет, а тоа е самопочит.
„Некои девојки цврсто веруваат дека мораат 24 часа, седум дена во неделата, да бидат средени, нашминкани, со кратки здолништа за да се вљуби маж во нив. Мажите кои се почитуваат себеси не можат да привлечат девојка која не се почитува себеси. Жените кои се ценат себеси се најпривлечни“, тврди доктор Лабковски.
Психологот смета дека оние жени кои ги следат трендовите во општеството и очајно сакаат да го привлечат вниманието на спротивниот пол, никогаш нема да му го привлечат вниманието на вистинскиот маж. Девојките кои се жртвуваат себеси за да им угодат на другите никогаш нема да најдат среќа.
„Таквата девојка се исцрпува со диети, оди на козметичари, си вбризгува сè што е возможно, ја надградува косата, ‘легнува’ под нож – сето тоа за да им се допадне на мажите.“
Психологот смета дека таквите девојки никогаш не можат да најдат вистински маж, бидејќи испраќаат лоша слика за себе. Тие на крајот ќе завршат сами, бидејќи тој маж ќе ги остави во моментот кога ќе најде друга, помлада и поубава.
„За да станете жена по која мажите се вртат, мора да научите да се сакате себеси, а потоа да очекувате восхит од другите. Ако навистина се сакате себеси, нема да ви биде важно дали другите ве сакаат“, заклучува доктор Лабковски.