Мажите не ги напуштаат жените кои ги прават овие 3 работи: Познатиот психолог Лабковски вели дека ова е најважното нешто во врската

by Тони Зографски

Психологот Михаил Лабковски за време на едно предавање говорел за жените кои мажите не ги напуштаат. Тој истакнал дека мажите не ги напуштаат жените кои се независни, самоуверени, имаат здраво самопочитување и здрава психа.

Лабковски нагласува дека ментално здрава личност во секоја врска се однесува како здрава личност. Ментално здрава жена не ги комплицира работите, не се сомнева, нема скриени намери, не измислува и не размислува за други мажи. Постојат три многу важни работи на кои секоја жена треба да обрне внимание ако сака да биде жена која мажот нема да ја напушти.

1. Не приговара за секоја ситница

Жената не треба да му се лути на мажот за секоја ситница. Комуникацијата и постигнувањето договор стануваат исклучително тешки со личност која постојано приговара и се лути за секоја ситница.

2. Не прифаќа компромиси

Жената која мажите не ја оставаат не прифаќа компромиси. Таа го живее животот онака како што сака, според сопствените желби, и не се приспособува на никого.

3. Се сака себеси

Жената со здрава психа се сака себеси повеќе отколку мажот. Ако не се сакате себеси доволно, како можете да сакате некој друг? Размислете колку се сакате себеси и почнете што поскоро да си давате љубов на самата себе.

останати вести