Памела Андерсон (54) се прослави во 1990-тите по улогата во хит серијата „Чувари на плажата“, но многумина ја паметат не само по атрактивниот изглед, туку и по бројните контроверзи.
Меѓутоа, актерката во последно време ретко се појавува во јавноста, а папараците неодамна ја уловија како се шета низ Малибу во опуштено издание.
Иако некогаш оваа ѕвезда не можеше да се види без совршена шминка и впечатлива комбинација на облека, Памела сега е фотографирана во обичен бел фустан, кардиган и голема чанта и со влечки.
Иако некогаш оваа ѕвезда не можеше да се види без совршена шминка и впечатлива комбинација на облека, Памела сега е фотографирана во обичен бел фустан, кардиган и голема чанта и со влечки.
Покрај разводите и аматерското домашно видео, Памела ги полнеше страниците на весницитеи со бројни пластични операции. Додека многумина и понатаму ја критикуваат поради силиконските гради и прекумерната употреба на ботокс, некои сепак ја сметаат за преубава.
Таа се повлече од светот на актерството и се посвети на активизмот за правата на животните. Неодамна потврди дека ќе го снима ТВ шоуто „Pamela Anderson’s Home Reno“ кое ќе го следи реновирање на домот на нејзината баба.