Американската бизнисменка, актерка и модел, Каприс Буре неодамна ја возбуди јавноста и предизвика бурни реакции велејќи дека мажените жени „не смеат да кажат не“ кога нивниот сопруг сака да имаат односи.
Познатата 49-годишна жена откри дека тајната на нејзината добра врска со сопругот Тај Комфорт (55) е дека тие се „како зајаци во спалната соба“.
„Тоа се само 10 минути од твојот живот. Не можеш да кажеш ‘уморна сум“, ‘ме боли глава’,’не сакам’, вели таа во интервју за списанието ОК.
„Девојки, мојот совет ви е ако не сте расположени бидејќи денот бил долг – тоа се само 10 или 15 минути од вашиот живот“, нагласила таа.
Каприс верува дека сексуалниот живот „треба да се одржува во живот“ и дека „можете да се одморите од напорниот ден и да уживате во сексот“, што, според нејзините зборови, е „неверојатно“.
Русокосата убавица додала дека врската е пред распад доколку сексуалниот живот во неа оди надолу.
„Мораш да го одржуваш во живот. И ако можеш да се одмориш од напорниот ден и да уживаш во сексот, тоа е неверојатно. Тоа е најдобриот начин за ослободување од стресот”, вели Каприс.
Каприс и Тај се венчаа во 2019 година и имаат две деца.