Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД налути многу ѕвезди, меѓу кои и Мадона, која сподели со своите следбеници дека јадела торта со натпис „ Fuck Trump“.
Изедов премногу“, напиша таа покрај фотографијата од тортата што ја објави во нејзината приказна на Инстаграм. После тоа, 66-годишната пејачка објави приказна во која размислува за неговата победа.
„Се обидувам да сфатам зошто осуден криминалец, силувач, фанатик е избран да ја води нашата земја. Затоа што е добар за економијата?“ напиша таа.
Во пресрет на изборите, Мадона ја поддржа американската потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис и на Инстаграм објави дека се враќа дома од Париз за да гласа.
„Париз беше многу забавен! Беше тешко да се напушти, но морав да одам дома за да гласам за Камала Харис. Претседателка!“ напиша таа минатиот четврток.