Кралицата на поп музиката, Мадона, на неодамна одржаниот настап во еден њујоршки хотел се појавила во комбинација која била главна атракција.
Пејачката отсекогаш ги поместувала границите на голотијата, а очигледно не се плаши да го покаже своето тело ниту во 63-та година од животот. Таа овојпат успешно го направила тоа со модна комбинација која овие денови е на насловните страници на сите странски таблоиди.
Кога се појавила со своето 36 години помладо момче Ахламалик Вилијамс, сите очи биле вперени во неа поради аутфитот кој повеќе откривал отколку што сокривал.
Поп иконата настапила во мрежеста маица под која не носела ништо и со тоа нејзините голи гради дошле во прв план, а истата ја искомбинирала со кожни шорцеви со ремен и долги сатенски ракавици кои ги носеше во 80-те години кога се прослави на сцената.
Забавата била одржана во чест на претстојниот викенд на гордоста, а Мадона на присутните им порачала „ништо да не земаат здраво за готово и да научат да се сакаат себеси“.