Кралицата на поп-музиката Мадона, повторно е на удар на негативни коментари, а овој пат причина е нејзиниот последниот испад на Инстаграм кој предизвика потсмев.
Сакајќи да го задржи статусот на симболот s * x во последната објава на Инстаграм, покрај фотошопирана фотографија во мрежести чорапи и долна облека, таа ги покажа градите и ги прекрши правилата на однесување на популарната социјална мрежа.
Мадона го сподели овој сет фотографии преку опцијата Instagram Story со порака:
– Убавина без цел… Дали убавината е без доблест… Но сите убави работи… Тие ја имаат оваа функција… Да ги возбудуваат гледачите… На возвишената мисла… Слава на светот… Тоа е добар учител. Мери Оливер – напишала Мадона.
Иако собра повеќе од милион лајкови на фотографиите, таа заработи и бројни критики од фановите.
„Тој кутар ангел работи дополнителни смени за тебе“, се пошегува еден од фановите.
„Што ти се случи?“, „Престани да го фотошопираш лицето толку“, „Итно најди ново хоби“ и „Подобра си од ова“, и напишале шокираните обожаватели.