Најновите дигитални „уметнички дела“ на Мадона не се за оние помлади од 18 години, ниту за оние со слабо срце.
Имено, најновата колекција на дигитални уметнички дела вклучува 3Д приказ на вагината на 63-годишната пејачка. Покрај тоа, овие уметнички дела прикажуваат сцени на кои таа раѓа дрвја, пеперутки и стоногалки. „NFT“ или незаменливите токени станаа сè попопуларни и се слични на криптовалутите. „NFT“ е дигитално уметничко дело или музичка композиција претворена во непроменлив токен. Откако ќе купите „NFT“, тој станува ваше лично уметничко дело и не можете да правите репродукции од него.
Во тој потфат, Мадона се здружила со дигиталниот уметник Бипл со цел заедно да создадат три дигитални анимирани уметнички дела. Вистинското име на Бипл е Мајкл Џозеф Винкелман, а Мадона често го споменува како Мајк.
Контроверзната пејачка во последно време е во центарот на вниманието поради објавувањето на експлицитните фотографии на социјалните мрежи, но новите дигитални видеа на тоа му даваат сосема нова димензија. „NFT“ може да чини и неколку милиони долари, а приходите од продажбата на дигиталните „уметнички дела“ на Мадона ќе бидат донирани во добротворна организација по нејзин избор. Наддавањето за аукцијата за овие „уметнички дела“ на Мадона започнува на 11 мај.
Колекцијата во целина се вика „Мајка креатор“, што секако е во склад со експлицитното видео на Мадона на кое раѓа дрво. Имено, тој NFT прикажува гола дигитална верзија на пејачката со раширени нозе на столот за пораѓај.
Другиот NFT на Мадона се вика „Мајка на еволуцијата“ и повторно ја прикажува гола, но на камион. Во овој случај, од нејзината вагина излегуваат пеперутки. Третото анимирано видео се вика „Мајка на технологијата“ и на него се гледаат дигитални стоногалки кои излегуваат од интимниот регион на Мадона, пишува порталот „Сан“. Секој NFT може да се види на посебна веб-страница.