И во седмата деценија од животот Мадона не престанува да ја шокира јавноста. Имено, таа објави неколку разголени фотографии на Инстаграм. Мадона позира топлес и го привлече вниманието на фановите.
„Те обожувам“, „Омажи се за мене“, „Ти си најдобра“, „Лоша девојка“, „Гориш“, се само некои од коментарите под серијата фотографии, што собраа скоро 500.000 лајкови.
Некои од фановите беа загрижени за пејачката и забележаа откако забележаа дека нејзиното око на една од фотографиите изгледа како да крвави. Тие ѝ рекле дека се надеваат дека сè е во ред.
Инаку, Мадона е во врска со 36-годишниот Ахламалики Вилијамс. Минатиот месец тие беа заедно во Италија, каде пејачката го прослави.