Мадона заработи бројни критики откако позирала како Мерлин Монро, а на една од фотографиите дури и ја пресоздаде сцената на нејзината смрт.
Фотографот Стивен Клајн ја фотографирал 63-годишната пејачка за насловната страница на V Magazine, а инспирацијата ја нашол во најновите фотографии на актерката ММ која починала на 36-годишна возраст.
На една од фотографиите се гледа како Мадона лежи на кревет со лицето свртено кон душекот, а на ноќната маса се гледаат шишиња со апчиња.
„Поради некоја морбидна и морничава причина, Мадона одлучува да ја пресоздаде смртната постела на Мерлин Монро“, напишал еден од многуте критичари.
„Уф. Одвратно и несоодветно“, додал друг.
Многумина го критикувале и претераниот фотошоп.
„Не сум против уредување фотографии, но Мадона не изгледаше вака дури и кога имаше 12 години“, „Кој е ова?“, „Би било убаво да се види како навистина изгледа нејзиното лице“, се само некои од коментарите.