Мадона и нејзината колешка одиграа „валкан“ танц, па страсно се бакнаа (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Поп иконата Мадона често привлекува внимание со своите контроверзни изјави, но и со своите постапки.

Сега за време на нејзиниот концерт во Њујорк со еден чин целосно го шокираше целиот свет.

Имено, по повод Месецот на гордоста, пејачката уште еднаш ѝ пружи поддршка на ЛГБТ популацијата со прилично смела кореографија со раперката од Доминиканската Република, Токиша.

Мадона со Токиша го изведе својот хит од 2005 година „Hung Up“, а на сцената го изведоа со дива и доста перверзна танцова кореографија.

Во моментите која младата раперка клекна пред 63-годишната Мадона, пејачката рече:

„Тоа е тешка задача, но некој мора и тоа да го направи“, алудирајќи на орален секс, по што разменија страсни бакнежи.

Токиша, како што ја опишува влијателното музичко списание Rolling Stone, претставува симбол на „сексуалната слобода, квир страста и радикалнито феминизам“.

https://twitter.com/i/status/1540186082242871296

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com