Мадона ги засенила сите на Париската модна недела: Запалила цигара во првиот ред (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Поп-иконата Мадона (67) повторно го покажала својот младешки изглед додека од првиот ред ја следела модната ревија на „Ив Сен Лоран“. Вниманието го привлекла со смел црвен мини-фустан од тантела со долги ракави, кој го надополнила со розови чевли со високи потпетици.

Легендарната пејачка изгледала сензационално во фустанот што ги истакна нејзините витки нозе, а изгледот го надополнила со големи црни очила, кои ги носела и за време на ревијата.

Ѕвездата се прошетала низ ходниците на зградата „Бурс де Комерс“ за да пристигне на престижната ревија, каде што ѝ се придружиле и други познати личности, меѓу кои и музичарката Чарли Екс-Си-Екс, која исто така била облечена во впечатлива црвена модна комбинација.

Чарли Екс-Си-Екс, пак, се одлучила за тесен кожен фустан до колена со прерамки, додека деколтето било украсено со тантела. Го искомбинирала со кафеави чевли со високи потпетици.

Мадона топло ја прегрнала својата колешка, а потоа двете предизвикале вистинско воодушевување на социјалните мрежи, откако заедно запалиле цигара додека позирале пред папараците.

останати вести