Мадона (65) е снимена како опуштено вози велосипед во Њујорк.
Иако се обидела да се сокрие под качулка и визир, фотографите сепак ја препознале „кралицата на попот“. Музичката икона, позната по објавувањето прилично филтрирани фотографии, покажа совршен тен со минимална шминка на лицето.
Инаку, Мадона е во Њујорк каде се подготвува за турнејата Celebration која започнува на 14 октомври во Лондон. После тоа ќе настапи во Копенхаген, Барселона, Париз, Милано… Турнејата првпат ја најави во јануари, а летово ја одложи за октомври, откако беше хоспитализирана.