Информацијата на Фејсбук ја сподели албанскиот премиер Еди Рама, а потоа ја пренесоа и сите медиуми во државата.

– Нова чанта на „Луј Вуитон” со најубавото знаме во светот, напиша Рама.

Чантата која има типичен дизајн на „Луј Витон”, со албанското знаме чини 9.900 долари.

Рама синоќа на социјалните мрежи објави дека еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер” од Швајцарија пуштил во продажба специјален модел на луксузен часовник изработен од челик и црн титаниум, со ликот националниот херој на Албанците Ѓерѓ Кастриот Скендербег.