Шерон Мекливени која живее во Росингтон, Јужен Јоркшир била шокирана кога нејзин близок пријател објавил дека починала од корона вирус, како одмазда поради тоа што не го додала во групата на „Фејсбук“ за разговор со мајки.
Шерон, првично била згрозена кога лажниот профил на Фејсбук кој се претставувал како неа објавил дека е позитивна за коронавирусот и дека сите пријатели што неодамна ги угостила мораат да одат на тест, пишува Дејли Меил.
Тоj објавил: „Почивај во мир, Шерон, ќе ни недостигаш. Ти замина премногу брзо заради оваа ужасна болест“.
Кога ќерката на Шерон, Ебони Смит се соочила со лицето кое ја шири веста за смртта на нејзината мајка, на семејството му било кажано дека е сè затоа што таа го оставила надвор од групата на „Фејсбук“.
‘Ако Шез ме додадеше како пријател во групниот разговор и ме третираше како пријател, немаше да биде во овој хаос’.
Со скршено срце, Шерон го пријавила својот поранешен пријател за неговиот ужасен заговор, во полицијата во Јужен Јоркшир, пред да започне да ги известува преплашените пријатели и семејство дека е жива и дека нема вирус.
“Ме остави во солзи заради сето ова. Го повикав на телефон. Сакав да знам зошто го сторил тоа. Тој е отров. Можеби досега сум била премногу мека на него. Тој ме праша како се чувствувам во изолацијата и изјави дека добро се држим, бидејќи во групниот разговор со другите мајки тој прашал дали може да се придружи а јас одбив бидејќи тој не е мајка, па нема никаква врска со тоа, вели Шерон.
Кога дополнително го притиснале и го прашале за лажниот профил на Фејсбук, тој напишал:
„Претпоставувам дека таа научи вредна лекција за да ги цени нејзините пријатели“.