Светската здравствена организација изрази загриженост откако епидемиолозите открија зачестена појава на пренесување на коронавирусот од луѓе без симптоми (асимптоматски случаи), што придонесува за ширење на пандемијата поради што многу е тешко таа да се сузбие.
– Се уште изгледа дека се ретки случаите кога асимптоматските луѓе всушност го шират вирусот понатаму. Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми. Да ги следиме сите симптоматски случаи, затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако всушност ги следиме сите случаи со симптоми, ги изолираме тие случаи, ги следиме контактите и ги ставаме во карантин, драстично ќе ги намалиме случаите, – изјави доктор Марија Ван Керкове, шеф на програмата за итни случаи на СЗО.
Според светската здравствена организација овој вид на ширење на болеста не ја поттикнува пандемијата, но придонесува за нејзино пренесување со околу 6%