Сопственикот на Енергосистем, Зоран Кондратенко, кој е заразен од коронавирусот денеска се јави на социјалните мрежи со пофалба за персоналот на Инфективната клиника.
„Трет болнички ден, добри сме, благодарение на професионалната нега и човечката грижа на персоналнот на Инфекивната клиника, кои за секој посебен случај консултираат литература, притоа несебично го посветуваат цело време кое ви треба за консултации и совети. Луѓево се херои, не застануваат, негата е буквално 24 часа, за нив треба да се пишува. Од друга страна и вашата поддршка и коментари ни даваат сила да поминеме низ целава ситуација полесно и што побргу да се вратиме кај вас“, пишува Кондратенко на Фејсбук.
Инаку, во моментов во земјата има 48 лица заразени со коронавирусот.