Керолин Фулц е Американка од Аризона која има 31 г., и речиси 10 години е во брак со Дру Фулц (35), со кого имаат три деца, од девет, шест и три години. Меѓутоа, нејзиниот сопруг е висок околу два метра, а Керолин е висока околу метар и пол, има ситна градба и младолик изглед, па многумина мислат дека таа на Дру му е ќерка, а не жена. Освен тоа, повеќето луѓе што го запознале парот, сметаат дека таа има најмногу 16 г.
Еве со кое прашање најчесто се соочува Керолин.
-Кога сум сама во паркот со децата, најчесто ме прашуваат во кое средно школо учам. Пред некој ден, работниците што ни дојдоа дома, претпоставија дека сум им постара сестра на моите деца. Луѓето честопати помислуваат дека сум ќерка, а не сопруга на Дру, па се изненадени кога ќе има кажам дека имам повеќе од 30 години – изјавила Керолин, а пренесува „Сан“.
Таа и Дру ја започнале врската во 2011 г., а се венчале во 2014 г. За медениот месец решиле да одат на Флорида, во Дизниленд, но тоа не се покажало како добра одлука. Оваа млада жена неодамна ги сподели искуствата од тој ден.
– Вработениот во Дизниленд беше убеден дека сум ќерка, а не сопруга на мојот маж, дури и ме избра за претставник на децата за време на ручекот во еден од рестораните на паркот – објаснила Керолин на Тикток.
Снимката е прегледана милиони пати и им се допаднала на 775.000 корисници на мрежата, а во коментарите луѓето споделиле слични искуства.
– Јас всушност бев со татко ми, и тоа бев полнолетен, отидовме на вечера и келнерот ми го даде детското мени. Имав 22 години и нарачав алкохолен пијалак.
– Шминкерот ме праша дали се шминкам за матура, иако се подготвував да ја преземам факултетската диплома, тогаш имав 32 години.
-Имав 24 години кога почнав да предавам на училиште како наставник. Кога ме виделе колегите во ходникот, помислиле дека сум ученик, па ме прашаа зошто не сум на час. Еднаш ме одведоа во канцеларијата на директорот мислејќи дека лажам.
– Стјуардесата побарала од сестра ми да ги помести седиштата, бидејќи малолетниците не можат да седат покрај излезот во случај на итност, а таа тогаш имаше 28 години.
– Луѓето мислат дека јас и мајка ми сме сестри, со тоа што таа има 55 години, а јас 19, тогаш сфатив дека морам да ослабам!