Налутен гостин на хотел во Шангај утрото на 10 јануари ги изгубил нервите, па со своето Audi A5 Cabrio влетал низ стаклениот влез во лобито и уништил сѐ. Причина: расправија за исчезнат лаптоп, пренесува CNA.
Видеото од необичниот инцидент стана вирално на кинеската социјална мрежа Веибо. Неколку агли на инцидентот биле снимени од луѓето во фоајето, откако автомобилот ги пробил ротирачките врати, преку влезот на лобито и потоа се вратил до вратите, во очигледен обид да побегне од местото на настанот.
На видеото се слушаат луѓето како викаат „Тој е луд! Дали имате идеја што сте направиле?“ Друго лице во фоајето вика. “Дали си луд? Дали си?”
Откако застанал на другиот крај од лобито по лудата трка низ фоајето, некои од хотелските луѓе кои биле во лобито се обидоа да го извлечат возачот од автомобилот.
Бидејќи вратите очигледно биле заклучени, тие не можеле да влезат, а возачот тргнал во рикверц и се обидел да се врати пред хотелот.
За среќа, никој не е повреден во инцидентот, но може да се забележат луѓе кои се обидуваат да побегнат од автомобилот додека тој се движи низ големото лоби на хотелот. Полицијата соопшти дека возачот, 28-годишен маж идентификуван само како Чен, бил приведен во очекување на понатамошна истрага.
Возачот и претходно бил вмешан во расправија со персоналот на хотелот, не бил задоволен од начинот на кој се однесувале со него откако им кажал дека му недостасува лаптопот. Вработените подоцна ѝ кажале на полицијата дека бил пронајден пред хотелот откако бил украден.
Иако не е јасно со какви последици се соочува возачот за своите постапки, се чини дека тие ќе бидат тешки бидејќи во најмала рака оштетил голем имот, а во најлош случај ги загрозил животите на многу луѓе во фоајето на хотелот.