Д-р Рон Вајс (58) е лекар на итната медицинска помош и интензивна нега, кој активно учествувал во третманот на пациенти со коронавирус во Њу Џерси.
Тој цело време гледал илјадници пациенти и открива дека на секој од нив им дал ист совет.
„Ова е добро време да го смениме нашиот животен стил, особено кога станува збор за исхрана. Повеќето пациенти веќе имаат некоја хронична состојба, без разлика дали станува збор за дебелина или срцеви заболувања, дијабетес или астма. Она што најмногу ме загрижува е тоа што повеќето пациенти се потполно несвесни за ризикот од трагичен исход на болест заради постојните заболувања.
Уште повеќе сум загрижен што не се свесни за тоа како некои едноставни промени во животниот стил можат да го намалат ризикот. Поконкретно, промената на исхраната може практично да го промени текот на болеста многу брзо и да направи состојбата значително да се подобри.
Препорачувам диета базирана на растенија, но не значи само да јадете малку повеќе зеленчук. Клучот е да се јаде повеќе билки што можат да ви помогнат, и да се минимизира конзумирањето на преработена и храна од животинско потекло.
Постои храна што може да ја зајакне способноста на вашиот имунитет да ве одбрани од вирусот. Оние што ме слушаа, ми се заблагодаруваат секој ден.
Првата состојка што ја препорачувам е лукот, чие соединение алицин ги прави нашите клетки поспособни да убиваат „непријатели“ и игра силна улога во спречувањето на цитокинската бура, што може да доведе до откажување на белите дробови и потреба од респиратор. Печурките од друга страна ја зголемуваат количината на антитела во нашата плунка. Зеленчукот (особено кељ) нема конкуренција – тие се полни со молекули што се врзуваат за лимфоцитите во цревата и ги активираат за да станат поспособни да се бранат од „напаѓачите“.
Тоа е храната што ја јадам секој ден. Не сум веган, но јадам многу зеленчук што ме прави здрав. Запомнете дека веганската диета може да биде една од причините за дијабетес, хипертензија и дебелина, додека „нормалната“ исхрана полна со здрави растенија може да ја запре болеста, некои дури и целосно да ги излекува.
Покрај храната здрава, ги советувам пациентите да дишат што е можно повеќе свеж воздух, да престојуваат во природа.
“Да се вратиме на природата – нашето здравје доаѓа од таму “, вели д-р Вајс.