Наталија Оскар (34) од Русија предизвика голема врева на мрежите кога беше прогласена за „најубава мажена жена“ во Русија. Титулата „најубава дама“ на Русија ја доби, според неа – заслужено, но публиката има поинакво мислење.
Наталија себе на социјалните мрежи се прикажува како исклучителна убавица, додека во реалноста е нешто поинаква.
Покрај тоа што ја добила својата „убавина“ преку очигледни естетски корекции, Наталија е и многу пониска отколку што пропишуваат правилата на изборот, а сега во јавноста стигна веста дека еден од спонзорите на ова натпреварување е нејзиниот сопруг – богат бизнисмен.
Како што стигна веста во јавноста, на сите им беше јасно дека изборите се наместени. Но, организаторите се правдаат дека Наталија е навистина убава, а фотографиите од изборот се направени од лош агол.
„Се испостави дека сопругот на Наталија е милијардер, Роман Безматерних, кој има цела деловна империја поврзана со продажба на градежни материјали. Една од компаниите на Роман била спонзор на натпреварот”, изјавил извор за руските медиуми.
Конкурсот за „Госпоѓа на Русија“ е наменет за мажените жени кои имаат деца.
Сега во јавноста стигна информација дека Наталија Оскар е всушност Наталија Худиакова, која со рускиот магнат Роман ја има ќерката Моника.
„Ако таа е победничка, малку ми е страв да прашам како изгледаат второпласираните дами.
„Победи? Дали беше единствениот кандидат?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи за изгледот на Наталија Оскар.
„Ова не е натпревар во манекенство, туку натпревар на мажени жени и мајки“, се бранат организаторите додека Наталија вели дека злонамерните коментари не ја засегаат бидејќи знае дека праведно победила.