Една од најпознатите водителки во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ со тага се сеќава на тешката ситуација во која се наоѓаше откако во 2005 во јавноста излезе нејзината домашна секс снимка. На неа се гледа како водителката води љубов со поранешниот сопруг, што предизвика вистинска бура во јавноста.
Никогаш не се дозна кој ја објавил секс-снимката, а Сузана (64) сега за една српска телевизија се осврна на најтешкиот период во нејзиниот живот.
– Најтажниот ден е денот кога се чувствувате распнати пред јавноста, кога се плашите да излезете на улица, но фала му на Бога, Господ да ви даде сила и причина да го надминете за да го спасите вашето здравје, вашето име и да не се скршите целосно. Јавноста ме осуди, многу плачев, но времето си го прави своето и можеш некако да го надминеш. Луѓето полека почнуваат да ве гледаат со други очи. Тогаш луѓето ме гледаа ужасно, како да сум убила некого. Зад мене е, не сакам да зборувам за тоа, тоа е историја – рече Сузана Манчиќ.