“Луѓето кои се заштитени од коронавирусот благодарејќи на карантинот ќе се разболат кога сите забрани ќе бидат укинати и тогаш сите држави ќе добијат своја стапка на смртност – изјави еден од главните советници на шведската влада, истакнатиот епидемиолог Јохан Гиесецке.
Тој рече дека поради таканаречениот шведски модел, тој беше прогласен за луд пред еден месец и обвини дека шведската политика ги убива старите лица, но сега сè повеќе луѓе се заинтересирани за пристапот.
Во Шведска ситуацијата со епидемијата сега е таква што бројот на пациенти не ни паѓа, ниту се зголемува, а властите чекаат да се сврти трендот и бројот да започне да се намалува.
„Ниту во Шведска животот не функционира нормално, но тоа не е работа на наредби. Ние им објаснивме на луѓето што е болеста и како треба да бидат заштитени и тие ја почитуваат. Луѓето никаде не се глупави ако им кажете што е добро за нив и им го објасните тоа, ќе те слушаат“, вели Гиесецке.
„Додека повеќето го прават она што сте го препорачале, добро е. Не мора да бидат 100 проценти луѓе, доволно е 90 проценти“, рече тој.
Тој сепак верува дека стравот од коронавирус е претеран, затоа што многу малку луѓе сериозно се болни и огромното мнозинство има благи симптоми, или воопшто нема.
Гиeсецке очекува дека заради овој пристап, голем дел од населението во Шведска ќе се стекне со имунитет до есен и дека веќе нема да има пораст на бројот на пациенти.
„Очекуваме вирусот да биде присутен во текот на летото, но нема да имаме втор бран на есен затоа што ќе имаме колективен имунитет до септември“, вели Гиeсецке.
Иако многумина од шведскиот модел го сметаат за целосно бесчувствителен и неетички, затоа што на некој начин се жртвува најранливиот дел од населението – старите, немоќни и болни, Гиeсецке не се согласува.
Луѓето ќе умрат и во други земји, но голем проблем е што ниту една земја не се подготви добро да ги заштити старите лица и насекаде каде што заразата навлезе во старечките домови“, рече тој.
Гиeсецке тврди дека истиот пристап како и во Шведска го предложиле експерти во Норвешка и Данска, но токму таму политичарите решиле да го усвојат мнозинскиот модел и воведоа целосно заклучување.
Шведскиот експерт вели дека во случај на втор бран, никој не смее да прогласи карантин.
„Бидете сигурни да ги заштитите старите и болните, а младите не треба да бидат заштитени. Треба да им се дозволи да ја шират болеста. Секој ќе ја добие својата стапка на морталитет кога ќе започне со отворање. Луѓето кои не починале сега ќе умрат кога ќе ги пуштите од карантин”, вели Гиeсецке.
Тој верува дека епидемијата ќе заврши до Божиќ и дека вакцината, кога ќе се појави, ќе биде залудна.