Потресни сцени пристигнуваат од Киев, каде по првите детонации забележани се колони возила на бензинските пумпи и на улиците. Исплашените луѓе бегаат во засолништа.
Автомобилите одат на запад во Киев, далеку од експлозиите на исток.
Се гледа и дека на бензинските пумпи има големи редици, а хаос и на банкоматите.
Би-би-си јавува дека многу граѓани на Киев нашле засолниште во метро станиците, додека други побрзале да се качат во автобуси за да го напуштат градот.
Очевидци во градот изјавија за Си-Ен-Ен дека станиците се полни со луѓе кои носат залихи.
„Додека ги слушаме овие (воздушни) сирени, можете да замислите колку се во паника луѓето во овој град поради овие грмотевици што се случуваат насекаде околу нас“, рече Метју Шанс од Си-Ен-Ен претходно денеска во Киев.
„Целиот овој сообраќај се одвива во една насока… возејќи најбрзо што можам кон запад, кон побезбедни области, ако сакате за држави, можеби кон Полска, која е оддалечена три, четири или пет часа“, додаде тој.
Претседателот на Русија најави почеток на воени операции за време на седницата на Советот за безбедност на ОН.
Светските медиуми јавуваат дека експлозии се слушаат низ цела Украина, дури и во Киев и Харков, најголемите градови во земјата.
Украина веднаш го затвори воздушниот простор на земјата за цивилни летови