Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во 2017 година купиле луксузен стан во Мајами што ги чинел девет милиони долари. Новиот луксузен дом на семејството Ѓоковиќ се наоѓа во станбениот комплекс Eighty Seven Park, на крајбрежјето на Мајами Бич. Совршено е за семеен живот. Има три спални соби и три бањи, два базени, спа-центар, сауна, фитнес-центар и бар. Комплексот е проектиран од познатиот архитект Ренко Пјано.
Покрај тоа што има неверојатен поглед на океанот, во станот има базен и парк, каде го поминува најголем дел од времето со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
„Бев воодушевен од услугата, ексклузивниот пристап до паркот, панорамскиот поглед на брегот и океанот. Моето семејство тука и совршен живот. Воодушевен сум од дизајнот на оваа зграда“, изјавил Новак.