На Македонија лошо и се пишува ако надлежните и натаму се однесуваат како да не сме среде пандемија – смета матичниот лекар д-р Ненад Лазаров.
-Ако не можат да си дозволат пациентите приватно да платат анализи значи секако се соочуваат со минимум 24 до 48 часа челање, што во оваа криза и после година ипол е недозволиво. Втор проблем е тестирањето конкретно, не постојат термини, односно постојат но многу мал број, смешен број на термини за она што е реална потреба на терен. И второ, од оваа ситуација ќе апелирам и ќе поздравам дека не постои друг пример на светот каде што министерот актуелен за здравство е шеф на изборен штаб на владејачката партија во моментот. Како? Јас мислам дека е физички невозможно да се менаџира здравство и да се менаџира изборна кампања во исто време, рече д-р Лазаров.
Најголема грешка на надлежните, вели Лазаров е тоа што целосно вакцинирани се ослободени од секакви рестрикции, дури и ако домаќинството го делат со позитивни лица.
-Да споменеме една небулоза која прави многу штета во моментот а тоа е дека вакцинирани не се изолираат доколку во семејството има позитивен случај. Тоа е нон сенс. Бидејќи видовме дека голема е веројатноста дека иако си вакциниран можеш да се инфицираш. Имам во ситуацијава, неколку семејства моментално со по двајца позитивни, а останатите двајца кои се вакцинирани дури не ги ни тестираме, немаме право ни на тест да ги пратиме, не па да подлежат на изолација. Тие апсолутно одат и на работа, – додава Лазаров.