Македонија го загуби и вториот меч на Европското првенство, попладнево со 1-2 од Украина во суперинтересната пресметка, по која веќе извесно е дека нашата желба да ја поминеме групата ќе остане неостварена, но црвено-жолтите денеска покажаа невидена храброст во вториот дел и Андриј Шевченко се „тресеше“ за победата, иако по пола час сѐ делуваше дека ќе биде само рутински тирумф за Украинците.
Лошото прво полувреме не чинеше пораз и од Украинците, кои не надиграа и имаа предност од 2:0 со головите на Андријн Јармоленко во 29. минута и на Рома Јаремчук 300 секунди подоцна.
.Во второто полувреме сликата на арената во Букурешт комплетно се смени, Македонија напаѓаше и во 57. минута успеа да постигне гол за 1:2. Езѓан Алиоски ја врати надеждта кога по неуспешниот пенал успеа во втор обид да им даде гол на Украинците .
Столе Димитриевски одбрани пенал на Украина во 84 минута. Тој со пантерски скок го одбрани ударот на Малиновски. Украина доби пенал по сигнализација од ВАР собата.
Во финишот имаше вистинска драма, а Трајковски кој донесе свежина во второто полувреме за малку промаши израмнување на 2:2 со прекрасен удар од далечина. Македонија ќе го игра последнито меч во Ц групата за четири дена во Амстердам против Холандија.
Во понеделник нѐ очекува пресметка со Холанѓаните во Амстердам.