Легнувате доцна, станувате рано
Уште од најраното детство вашите родители ве терале да легнувате рано, посебно доколку треба да станете рано наутро. Можеби тогаш ова не ви имало никаква смисла, но денес кога имате толку обврски, најмалку што ви треба е свесно да го исцрпувате вашиот организам. Сепак, тоа го правите и понатаму. Секогаш имајте на ум дека на телото му треба одмор за нормално да функционира. Спиењето и одморот влијаат на сите функции на организмот, од метаболизмот до телесната тежина.
Го дехидрирате организмот
Дехидратацијата предизвикува тромавост, главоболка, грчеви во мускулите и вртоглавица. Многумина пијат вода само кога чувствуваат жед, а впрочем жедта е знак дека веќе сте дехидрирани. Зарем е толку тешко во текот на денот да испиете една чаша вода повеќе? Покрај себе постојано носете шишенце со вода кое постојано ќе ви служи како аларм дека треба да го наполните.
Го прескокнувате појадокот
Една од осум возрасни личности има навика да го прескокнува појадокот. Оваа статистика е поразителна кога ќе го земеме предвид фактот колку многу се зборува за здравата храна во последно време. Нутриционистите никогаш не пропуштаат да нагласат колку појадокот е битен за метаболизмот и дека никогаш не мора да биде комплициран. Доволно е да земете некое овошје, житарици, тост, јогурт или нешто што ќе ве држи сити до ручекот.
Заборавате да користите конец за заби
Поради фактот дека пастата и четката за заби секогаш ви се при рака, тешко е да се поверува во податокот дека заборавате да употребувате конец. Повеќе би се рекло дека ве мрзи да го правите тоа. Но, сепак, неколку минути употреба на конец во денот може да ги спаси вашите заби и непца од бактерии и да ве оддалечи од непријатните посети на стоматолог.
Грицкате во „ниедно“ време
Кога имате напорен ден големи се шансите кога ќе дојдете дома уморени да одберете некоја здрава намирница за јадење. Доколку сакате да го избегнете најлошото сценарио, испијте една голема чаша вода и легнете си.
Прескокнувате самопреглед на дојките
Најраспространетиот облик на карцином е карциномот на дојки. Од дваесеттата година би требало барем еднаш во годината да одите на доктор. Во меѓувреме, самопрегледот на дојките е единствен начин на кој самите морате да го контролирате вашето здравје. Правете го ова кога и да се присетите, на пример пред туширање.
Преоѓате од една во друга диета
Нема потреба ни да се спомнува колку екстремните промени во исхраната и изгладнувањето лошо влијаат на комплетниот организам. Клучот е во урамнотежената и разноврсната исхрана. Витката линија сама ќе дојде кога ќе ја исфрлите преработената храна, ќе го намалите внесот на шеќери и ќе ја зголемите физичката активност.