Бригадата Ал Акса на Фатах од Рамалах, Западниот брег, објави дека се приклучува на Хамас во конфликтот против Израел …
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Израел ќе продолжи да „удира врз терористички цели“ во Појасот Газа по еднонеделниот судир со палестинските екстремисти.
По состанокот со највисоките претставници на одбраната, Нетанјаху објави дека Израел „ќе продолжи да дејствува онолку колку што е потребно за да ги врати мирот и безбедноста за сите израелски граѓани“.
Инаку, на социјалните мрежи се шири видео од ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел ја ракетирал палестинската територија со фосфорна бомба.
На видеото објавено на Twitter се гледаат две врсти чад – бел и црн, за кој корисникот на социјалната мрежа кој го објави видеото тврди дека е доказ дека Израел фрлил фосфорна бомба, што е забрането со Женевската конвенција од 1980 година. Автентичноста на снимката и тврдењата за овој тип на бомба не се потврдени.
Меѓу сите запаливи материи што се користат во запалива муниција, белиот фосфор зазема посебно место. Тоа се должи на неговите уникатни хемиски својства и пред сѐ поради температурата на согорување, која достигнува 800-1.000 степени Целзиусови.
Судирите започнаа на 10 мај кога Хамас истрела ракети со голем дострел кон Ерусалим по повеќенеделното насилство во светилиштето во Ерусалим меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција за време на муслиманскиот месец Рамазан.
Насилни немири избувнаа, меѓу другото, и поради заканата палестинските семејства да бидат иселени од соседството во источен Ерусалим, за да бидат населени со еврејски доселеници.
https://twitter.com/i/status/1394215577351122944
Fatahova brigada Al Aqsa iz Ramale,Zapadne Obale je objavila da se pridružuje Hamasu u sukobu protiv Izraela …
Posle napada Hamasa od pre par minuta sukobi se nastavljaju tako da od predloga Egipta nema ništa. pic.twitter.com/C2LLnxOjtf— Kibucnik… (@kibucnik) May 17, 2021