Финалната фаза од клиничкото испитување на т.н. оксфордска вакцина е привремено прекината по неповолната реакцијата што е забележана кај еден од испитаниците. Вакцината што заеднички ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ е една од водечките опции за борба против Ковид-19. Но, случајот на „необјаснива болест“ е запрено на одредено време, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од „АстраЗенека“ од каде прекинот го опишуваат како „рутински“.
Портпарол на Универзитетот Оксфорд изјави дека при големи тестирања се случуваат влошувања, кои мора внимателно да се набљудуваат. Исто така, ова е втор пат да се одложи тестирањето на таа вакцина и се претпоставува дека тестирањето ќе продолжи за неколку дена.
Исходот од испитувањето на оваа вакцина, но и на останатите, се чека со нетрпение од целиот свет. „Би-Би-Си“ наведува дека вакцината успешно ја минала првата и втората фаза и се очекуваше да биде меѓу првите, ако не и прва, што би можела да се најде на пазарот по сите клинички фази што е потребно да се минат.
Третата фаза на испитување се спроведува на 30.000 лица во Велика Британија, во САД, во Бразил и Јужна Африка. Стопирана е на сите локации, а независни истражители најпрво ќе ги прегледаат сите податоци на сигурност пред регулаторите да одлучат дали истражувањето може да тргне од почеток, наведува „Би-Би-Си“.
Инаку, ова е втор прекин на испитувањето на оксфордската вакцина што се случува со големите клинички тестирања кога волонтер ќе заврши во болница без да биде позната причината.