Полека но сигурно, сите ги фаќа новогодишна еуфорија, а на таа не е имун и пејачот Влатко Лозаноски.
Тој во моментов е актуелен со „Надеж“, а 2018 година ќе ја памети по многу професионални успеси и хитови.
Лозаноски во разговор за „Убавина и здравје“ раскажуваше за новогодишната еуфорија и првиот пат кога се опил.
„Па има и такви моменти понекогаш, не дека нема. Нормално кога си со добро друштво убаво е да се консумира и по некоја чашка алкохол, но до одредена мерка, без претерување. А што се однесува на првото пијанство, искрено не знам кога првпат сум се опил, мислам дека тоа било некаде кога сум имал околу 14 години и сигурно сум се опил од две голтки, искрен е пејачот кој во моментов е сингл, но вели дека верува во љубов и тоа во онаа на прв поглед“, истакна Лозаноски.