Вчерашното големот вимблдонско финале во машка конкуренција, помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз привлече големо внимание. На трибините на централниот терен беа забележани многу познати ВИП личности, а меѓу присутните беа видени познати холивудски ѕвезди кои уживаа во мајсториите на двајцата тенисери. Меѓу многубројната публика беше забележан Бред Пит, а тука е и долгогодишниот „Џејмс Бонд“, британскиот актер Даниел Крег.
Двајцата актери се вбројуваат меѓу најпознатите гости на овогодишното финале, а тука се секако и членовите на британското кралско семејство, кои се традиционален „декор“ во „Ол Ингланд клуб“. Се чини дека сите ВИП-гости останаа некако во „сенка“ на Бред Пит кој изгледа дека воопшто не старее и ги одушеви сите со неговиот шармантен изглед.
ТВ-камерите во фокусот ги забележаа и музичарот Стормзи, актерите Ема Вотсон и Том Хидлстон.
Ема Вотсон и Идрис Елба
Боливудската актерка со холивудска кариера Пријанка Чопра со сопругот Џонас
Аријана Гранде со Ендрју Гарфилд
Кејт и Вилијам со децата во кралската ложа