Пејачката Викторија Лоба објави фотографија во издание во какво што не сме ја навикнале до сега.
Лоба и претходно го нагласувала својот сексапил, но не како на оваа фотографија. Во преден план е деколтето на пејачката која пред неколку месеци снимаше спот на грчкиот остров Санторини, за песната “Над небото”.
Денеска, Лоба ќе го промовира првиот албум кој е наречен “Нов свет” и тоа во македонска и во англиска верзија. Снимен е во неколку студија и на него се старите хитови и неколку нови песни.