37-годишно лице од Србија е приведено и задржано во ПС Гази Баба, откако при пасошка контрола, било потврдено дека станува збор за човек, по кого трагал Интерпол.
„На 02.02.2019 година во 18.40 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето A.C.(32) од Лесковац, Република Србија, се бара од Интерпол. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка“, велат од МВР.