Денес му ја зедоа куќата и стадото нанекогашен кандидат за градоначалник на Карбинци, Ристе Бањоглав. Денешното присилно иселување е завршница на тригодишна тортура низ која семејството на Бањоглав минува, откако на заем зеле 10.000 евра за подигање на фармата од 100-тина кози. Како гаранција Бањоглав ја дава куќата под хипотека , по што започнуваат и лошите и незивесни денови за семејството.
Пред да дојдат извршителите, на Бањоглави на врата им тропнале лихварите:
„Дојде и ми тресна пиштол на масата. Рече сега ќе ве истепам ако не ми ги дадете парите. Му кажав дека 5.000 евра му се дадени, а може да ме тужи уште за 5.000 кои и онака ќе му ги дадеме. Тој ми вели, не… ќе ми дадеш 10.000 евра. И на тоа се согласивме, но тој пак ни се закани со пиштол“ изјави Рајна Ристова, мајка на Ристе Бањоглав.
Бањоглави тврдат дека се жртвои на лихварски заговор, зашто тие долгот целосно го исплатиле:
„Должевме 600.000 денари, на извршителката се вратени 920.000 денари. Таа досега не ни дала извештај колку пари се уплатени и бара од нас да се иселиме. Јас земав пари на заем од луѓе за да можам да го исплатам долгот и долгот е исплатен“ изјави Ристе Бањоглав.
Целата сторија проследете ја на ТВ Стар.