ДЗС ја објави просечната нето-плата за октомври во Македонија. Од податоците може да се забележи дека има пад на просечната нето плата во дури 4 од првите 5 најплатени професии.
Според податоците на Државниот завод за статистика ИТ-секторот бележи пораст од 9,7 процентни платата во овој сектор изнесува 66.831 денари.
По ИТ-секторот следува производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 46.575 денари, телекомуникации со 43.110 денари, останати стручни, научни и технички дејности со 42.816 денари и воздухопловен транспорт со 42.281 денари.
Просечната месечна нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4 отсто во однос на истиот месец лани, за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8 отсто, или за 494 денари, објави Државниот завод за статистика.
Според ДЗС, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.
Согласно податоците на ДЗС, просечната бруто-плата, е за 9 отсто повисока од октомври минатата година, а за 2 отсто повисока од септември годинава. Просечната бруто плата изнесува 40.344 денари.