Колку долго трае резервата за гориво откако ќе се вклучи познатото светло на контролната табла? Тоа е прашање кое може да биде од пресудно значење во одредени моменти.
Особено во денешно време, кога цените на горивото продолжуваат да растат и се почесто возачите го полнат резервоарот само откако ќе се вклучи резервата.
Возење на резерва, растојанието што може да се помине пред да запре моторот поради недостаток на гориво е обично доволно за да се стигне до најблиската бензинска пумпа. Сепак, не е препорачливо да се достигне оваа екстремна ситуација и да се ризикува најлошото.
Сепак возењето на резерва е нешто што секогаш може да се случи поради лоша прогноза или некои други околности.
Британскиот „Compare The Market“ ја анализираше автономијата на расположливата резерва на популарни автомобили кои редовно можат да се видат во сообраќајот со бензински и хибридни мотори и припаѓаат на различни категории.
Ова се растојанија што може да ги помине секој модел откако ќе се запали индикаторот за резерва.
Автомобили кои најдолго може да возат која ќе светне сијаличката за резерва:
Volkswagen Passat (120 километри)
Volvo V40 (113 километри)
Форд Мондео (112 километри)
BMW Серија 5 (109 километри)
Тојота Приус (107 километри)
Мерцедес Е-класа (103 километри)
Audi Q5 (102 километри)
Range Rover Sport (101 километар)