Oд доделувањето на „Оскарите“, се чини, и номинираните кои нема да добијат статуетка – ќе си одат дома со полни раце, бидејќи за сите е подготвен луксузен пакет „утешни награди“. Имено, компанијата „Дистинктив сетс“ на секого од номинираните годинава ќе им даде цел список подароци во вредност од 126.000 долари.
Пакетот вклучува јапонски млечни колачи, свилени навлаки за перници, рачно набрани урми… А, има и необични подароци како – парче земја од Австралија, три ноќи во рурална Отава, ноќевања на италијански вулкански остров, консултација со лекар за третман на коса, липосукција, консултации и третмани со ботокс, облека, велнес производи… Во пакетот има вкупно 60 понуди, а можните добитници не се обврзани да ги примат, искористат или промовираат добиените производи.
Треба да се напомне и дека разни компании плаќаат по четири илјади долари за нивниот производ да биде меѓу пакетот подароци.
Исто така, откриено е и менито во кое ќе имаат можност да уживаат познатите личности. Британскиот готвач Елиот Гровер открил дека ќе послужи риба и чипс за почеток, а потоа пита со пилешко. Кога станува збор за вегански специјалитети, ќе послужат солени грицки со печурки, хумус намаз и фалафел од грашок.
Инаку, 95-то доделување на „Оскарите“ ќе се одржи во Лос Анџелес во „Долби театарот“ ноќта меѓу 12. и 13 март. Водител на емисијата ќе биде комичарот Џими Кимел. Меѓу најголемите фаворити, според последните предвидувања се филмовите „Сѐ во исто време“ (има 11 номинации), „На Запад ништо ново“ (девет номинации), „Елвис“ (осум номинации).
Here's a look at what's in this year’s $126,000 Oscar swag bag #Oscars95 pic.twitter.com/5apgx6yRMs
— Reuters Showbiz (@ReutersShowbiz) March 9, 2023