Во подкастот „Ruthin Table 4“, една од најубавите жени на светот во последните децении, славниот топ модел Линда Евангелиста раскажа како се изгладнувала за време на нејзината манекенска кариера.
Најлошо за неа, вели таа, бил десетдневниот „Master Cleanse“, модифициран пост со сок кој не дозволува консумирање храна.
– Тоа значи десет дена по ред да пиете само солена вода и билен чај со лаксатив – рекла 58 годишната Линда.
– Неколку пати го пробав Master Cleanse, но прибегнав и кон медицинско чистење, земајќи пијалок во прав чија основа беше оризот – додала таа.
Легендарната манекенка заминувала и во We Care Spa каде пиела само течности, главно вода со лимон и нане и чаеви. Моето здравје тогаш беше многу лошо, истакнала Евангелиста.
– Се изгладнував на најлош можен начин. Никогаш повеќе нема да така да направам – додала некогаш најубавата жена на светот во подкастот.