Водителката Лила Филиповска е во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што треба да даде изјава во истрагата за „Рекет“. Според А1он, Филиповска го привлекла вниманието на обвинителката Вилма Русковска откако биле забележани големите позајмици кои му ги дала на Бојан Јовановски. Неофицијално, водителката во два наврати префрлала на сметка на Боки 13 или на фирма која е поврзана со него, по 20 илјади евра.
Обвинителството за организиран криминал испитува дали парите што Филиповска ги дала како позајмица на Боки 13 се од земениот „Рекет“, кој тој го изнудил од Орце Камчев. Тие ќе проверуваат и како илјадниците евра завршиле на сметката од Филиповска, односно дали се нејзини, и доколку се, ќе бара како го стекнала.
Инаку, Лила Филиповска беше во автомобилот на Боки 13 кога полицијата го приведе на граничниот премин „Богородица“.