827
Во најновото интервју што македонската ТВ водителкаЛила Филиповска го даде за Џингл ТВ, таа ги обелодени сите детали за нејзината најголема животна победа во борбата со опаката болест – канцерот.
Акцентот во интервјуто Лила го стави на нејзиното домашно милениче, мачорот Рагнар кој според нејзиното кажување, за неа бил најголемиот лек во излекувањето од оваа тешка сосотојба. Со оваа моќна порака во интервјуто, таа објасни впрочем колку се важни домашните миленици, во случајов мачките за луѓето и во добро, но и кога ни е најтешко.
