Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот, напиша Лила Филиповска на својот профил на Фејсбук.
„И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот! Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив! Сега година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби и кеифови без заддршка ! Па џабе живееш ако не уживаш во животот! А и полесно е кога имам неколку ама вистински пријатели. Патувањата се мојата пасија. На здравје другари , за животот, за љубовта за нас“, напиша Лила , објавувајќи фотографии како ужива во Бодрум.