На денешното сведочење за судењето на „Рекет“, Лила Стојановска потврди дека била во автомобилот кога Бојан Јовановски беше приведен. Заедно со нив биле и Сергеј Варошлија и Анета Кочишки. Требало да заминат на одмор на Миконос.
Обвинителката ја праша кој требало да го плати одморот и Лила рече дека не знае оти само што се вратила од Турција и згора на тоа ја заборавила картичката.
Таа рече дека со Боки одела на викенди, а не на одмори, а еден таков бил во Грција во рисортот Данаи.
Таа кажа и дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра.
„Сакав да помогнам“, рече водителката.