Монструозниот чин кој во петокот се случи во Градачац ја вознемири јавноста во целиот регион. Билдерот Нермин Сулејмановиќ си ја уби невенчаната сопруга, а „настанот“ го пренесуваше во живо на „Инстаграм“.
За човекот од Босна кој уби три лица свое мислење даде и нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска.
„Не знам дали е пострашно што монструмот убиството на таа млада жена (мајка на нивно бебе) го пренесувал во живо на инста или коментарите од уште помонструозните негови таканаречени следачи под лајвот. Па имате ли бре душа, па како мирно може да спиете безбожници едни!!! Ја убил дека го пријавила за „неколку“ шамари!!! Ех мои дами… кога ќе речам образувајте се, трудете се, работете да не зависите од никого, на ова мислам. Па не дозволувам ни глас да ми повиши, а не нешто друго! Ве удри ли еднаш бегајте одма! Нема да застане на еднаш. Е*ате мажите неспособни што се изживуваат врз незаштитени жени! Посебен круг во пеколот за вас! Подобро сами него да живеете со олош!!!“, напиша Лила на социјалните мрежи.
Инаку, Сулејмановиќ во петокот уби три лица. Убиството на невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ го пренесуваше во живо на „Инстаграм“. Својот крвав поход го продолжи на улиците на Градачац, каде ги уби Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, а ја рани нивната сопруга и мајка Хариса Ондер. Тој ги рани и полицаецот Хусеин Коториќ пред полициската станица во Градачац и случајниот минувач Недим Памуковиќ.